Поранешниот светски шампион во тешка категорија Сергеј Ковалев доби тригодишна условна казна за напад во 2018 година на американската моделка и актерка Џејми Фронта.
Рускиот боксер склучи договор со обвинителството и ја призна вината, што му овозможи да избегне кривични пријави. Тој доби тригодишна условна казна и мора да помине курс за справување со гнев, како и да плати 220 американски долари за судски такси.
Граѓанската тужба на Фронтоат против боксерот сè уште трае. Ковалев се согласи да плати 650.000 долари, но сумата не е префрлена на нејзината сметка.
Сергеј Ковалев беше уапсен од американската полиција на 9 јуни 2018 година, по изјавата на жената која поднесе жалба дека била ударена. Боксерот и нанел неколку удари на Фронта, што довело до потрес на мозокот и скршеница на носот, а причината за неговиот гнев е одбивањето на физичка блискост.