Украинскиот боксер Aлександр Усик продолжува да се подготвува за втората борба со Британецот Ентони Џошуа. Нивната втора средба треба да се одржи за еден месец во Саудиска Арабија. Еден од спаринг-партнерите на Усик е Конгоанецот Мартин Баколе (18-1, 13 КО).
Пред неколку години Мартин Баколе беше поканет во таборот на Џошуа и му помогна на Британецот да се подготви за борбите против Французинот Карлос Такам (2017) и Русинот Александар Поветкин (2018). Во двете борби Ентони победи со ТКО.
Во септември 2021 година, Усик го победи Џошуа во борба од 12 рунди и ги освои титулите на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО.
Со нетрпение ја очекувам можноста да го споделам рингот со најдобрите, бидејќи знам дека сум еден од нив“, напиша Баколе на социјалните мрежи.
View this post on Instagram