Поранешниот претседателски кандидат на САД, Мит Румни, дал согласност да му излезе како противник на пензионираниот шампион во тешка категорија, Ивандер Холифилд.
Мечот ќе биде од хуманитарен карактер и ќе се одржи во мај. Добивката од средбата ќе биде донирана на Charity Vision – организација која се занимава претежно со операции на очите во посиромашните делови на светот.
Румни ја коментира претстојната средба: „Ќе биде многу краток дуел, инаку ќе бидам нокуатиран. Нема да биде и дуел. Само ќе се подготвиме и ќе излеземе на рингот за еден спаринг“.