Кен Сторнс, поранешен ММА борец и авантурист постави нов светски рекорд со својот скок од карпа од 40,5 метри.
Во Норвешка, смртоносното нуркање со кое се занимава Сторнс се нарекува „Додс“. Станува збор за оригинални норвешки екстремни скокови кои потекнуваат од 1960 година и ги изведуваат млади мажи од 10-метарска штица за скокање за да ги импресионираат девојките. Од оваа активност се роди спортот „Додсинг“ (што во превод значи „смрт“) и Кен Сторнс стана вистински крал на овој спорт.
По воената обука стана ММА борец, но не остана долго во оваа средина. Сега љубител на нуркање во екстремно замрзната вода, тој го подигна спортот на невидено ниво. Сторнс скокна од карпа висока 40,5 метри во замрзнато езеро во Норвешка, поставувајќи нов светски рекорд, надминувајќи го претходниот рекорд на Французинот Комо Жиро (34,5 метри).
Тој вели дека е вистински Викинг и се чувствува непријатно кога не го чувствува студот. Тој е многу популарен на социјалните мрежи и има повеќе од 700.000 следбеници на Инстаграм. Ова е скокот што му донесе светска слава:
View this post on Instagram