Германските медиуми во едно интервју пред неколку години го опишаа како извонреден талент, но имал и лошо минато пред да почне со боксот.
„Дасер е извонреден талент, меѓутоа не беше секогаш така. Како тинејџер, крадел автомобили и завршил во затвор. Потоа го открил боксот и ја вратил својата желба за успех. На 19 години станал професионалец, а потоа и милионер. Денес се занимава со недвижнини“, пишува „Виршафт ТВ“.
Дасер е роден на 14 ноември 1988 година, а исто така го освои европскиот ВБО појас во 2017 година. Во кариерата од 2009 до 2017 година имаше 13 борби и оствари исто толку триумфи.