Приказната на Ешли Лејн е инспиративна сага за извонреден успех над неверојатни предизвици. Лејн го изненади боксерскиот свет со освојувањето на титулата во бантам категорија на Велика Британија и Комонвелтот, победувајќи го апсолутниот фаворит Крис Бурк со прекин во шестата рунда, во борбата што се одржа вчера во Лондон.
Животот на Лејн не беше воопшто лесен. Со години бил бездомник и се соочувал со тешки животни ситуации. И покрај тоа, боксот и салата секогаш му даваа прибежиште и надеж.
Лејн немаше поим дека некогаш ќе стане шампион. Предвидувањата сугерираа лесна победа за Бурк. Меѓутоа, за време на борбата, Лејн успеа да насили вода на својата воденица. Бурк доминираше во првите три рунди, но потоа новопечениот шампион направи пресврт во мечот и ја презеде иницијативата. Во шестата рунда по неколку тешки последователни удари судијата ја прекина борбата и Лејн можеше да почне да слави.
По сензационалната победа, Лејн ја сподели својата неверојатна приказна. Започнал да боксира како тинејџер за да се справи со детските проблеми, а од дома си заминал како 18-годишник. Тој се борел со бездомништво и други тешкотии, па дури и размислувал за самоубиство.
Неговата победа не е само негова, туку и победа на целиот негов град. Лејн стана првиот шампион на Нортхемптон, огромно достигнување за локалната заедница.
„Беше брутално. Немав каде да живеам, а видете ме сега. Ќе ја паметам оваа ноќ додека сум жив. Никој од Нортхемптон никогаш не бил шампион”, изјави зачудениот Британец.
И покрај тоа што досега немаше спектакуларна кариера со скор од осумнаесет победи, десет порази и две нерешени, Лејн направи неверојатен напредок на боксерската сцена во Велика Британија.
Неговиот следен предизвик може да биде борба против европскиот шампион во бантам категорија Томас Есомба, па дури и реванш со Бурк. Но, патот до светскиот трон е се уште далеку. Светските шампиони како Хунто Накатани, Такума Инуе, Џејсон Мелони и Емануел Родригез претставуваат многу тешки противници.
Сепак, приказната на Лејн покажува дека волјата и посветеноста се клучни за постигнување голем успех, дури и во најтешки околности.