Синоќа во Москва во арената „Динамо“ се одржа турнирот РЕН ТВ Фајт клуб.
Во главната борба, во кафезот се врати легендата на ММА Александар Емелијаненко. Противник му беше блогерот Свјатослав Коваленко, кој неодамна се појави во поп-ММА. Братот на Федор Емелијаненко во борбата влезе 33 килограми потежок од неговиот помлад противник. Сепак, тоа не му помогна.
На почетокот Коваленко се пушти во напад. Ги затвори очите, а потоа ја вклучи мелницата со рацете. Немаше техника од негова страна, но нема ниту искуство, па му е простено. Емелијаненко не прави ништо за да импресионира и е премногу бавен и тром.
Ако Коваленко имаше барем малку повеќе удари и малку повеќе смиреност, тогаш Емелијаненко ќе беше во неволја. Во втората рунда Коваленко пак се пишти во напад, силно удираше и Емелјиненко падна на подот!
Коваленко побрза да ја заврши легендата. Успеа да го задржи на паратер 1 минута, а потоа судијата ги подигна. Беше дозволено борба на партер, но не повеќе од 1 минута по рунда.
Во третата рунда пак проработи воденицата од Коваленко. Емелијаненко не ги гледа ударите, промашува и повторно паѓа на подот. Свјатослав го задржа на поодот една минута. Судијата повторно ги подигна, по што Александар го испрати блогерот на земја.
Трагичарот Емелијаненко и крај на циркусот. По 3 рунди од 3 минути Коваленко победи со поделена одлука на судиите. Тој може да се пофали со 2 нокдауни над Емелијаненко, како и многу оштетувања на лицето на ѕвездата.
Александар тешко да доживеал поголемо понижување во кафезот. Не остана да даде интервју и веднаш го напушти кафезот. Да се надеваме дека 41-годишниот Емелијаненко повеќе нема да го видиме во ниту еден боречки спорт.