Полицијата го уапси Адријан Бронер откакои го пронашле 27-годишниот боксер во теренско возило во кое било пукано.
Поранешниот четирикратен светски шампион е уапсен во Ковингтон во државата во Синсинати, додека во изнајмен „шевролет сабурбан“ се обидувал да ја премине границата со Кентаки.
Уапсен е врз основа на налог, но е пуштен од притвор со со платена гаранција од 503 долари.
Запрен поради дојава за пукање во близина на областа, а самиот потврди, дека непознат напаѓач отворил оган врз него откако го напуштил барот Г-мани. На возилото на Бронер се пронајдени осум дупки од куршуми.
Бронер е контроверзна личност во светот на боксот и проблемите со законот не му се туѓи. Минатата година беше уапсен за наводно давење на келнерка во еден ноќен клуб.
Своевремено петтиот П4П боксер на светот од страна по магазинот Ринг, ги држеше титулите во суперлесна, лесна, во средна и полусредна категорија. Последната титула ја освои во 2015 и се работеше за ВБО појасот во суперлесна категорија.