Тајсон Фјури бил три пати соборен на подот за време на спаринг со полесен боксер. Светскиот шампион во супер тешка категорија сам соопшти за проблемите со кои се соочил во текот на подготовките за реваншот со Владимир Кличко на 9 јули во Манчестер.
„Имам лоши вести за моите фанови. Едно момче од лесно-тешка дојде од Белгија во кампот кај мене. Апсолутен динамит! Мислев дека можам да ја играм вообичаената игра против него, но се излажав. Бев без кацига и го оставив да стави потенки ракавици, бидејќи мислев дека не може да ме повреди. Но сфатив дека брзината убива. Тој ме собори три пати, насила ми го помодре окото и ми ја повреди аркадата“, раскажа Фјури.
„Вујко ми Питер се чудеше што се случува. Му реков дека сум со прекумерна тежина, брзината ми ја нема и не можам да издржам и минута во рингот. Но, тоа што ми се случи ми овозможи да дознаам во која фаза се наоѓам од подготовките пред борбата со Кличко. Ќе видиме дали супер тешкиот Кличко ќе успее да го стори истото со мене. Неговите нозе не се така брзи“, додаде британскиот боксер.