Во Њујорк е претставен проектот Светска боксерска супер серија (World Boxing Super Series), турнир кој е вреден 50 милиони долари.
Во текот на сезоната во која треба да се одржат вкупно 14 настани 16 боксери ќе се натпреваруваат на турнирите во две тежински категории.
СБСС/WBSS елиминацискиот турнир ќе започне во септември 2017 година, кога ќе се одржат четвртфиналните борби. Четирите полуфиналиња се планирани за јануари и февруари 2018 година. Финалето би требало да се одржи во мај следната година.
Сопственикот на овој турнир е Комос АГ, чии косопственици се и Зауерланд и Ричард Шефер.
Победникот во секоја категорија ќе го добие и трофејот на Мухамед Али. Пехарот го дизајнираше Силвио Газанига, дизајнер на трофејот за победникот на Светското првенство во фудбал.
Покани ќе бидат испратени на боксерите кои се рангирани во топ 15 на ВБА, ВБЦ, ИБФ и ВБО ранг листите.
Категориите во кои турнир ќе се одржува и имињата на учесниците ќе бидат објавени во јуни.
Четирите најдобро рангирани боксери ќе бидат поставени за носителии на групите.
Шефер претпоставува дека на победникот ќе му припаднат околу 10 милиони долари.
Ако шампион учествува на турнирот, борбата ќе биде за неговата титула.