Покрената е професионална светска фул контакт карате лига (ВИДЕО)

Лансирана е нова професионална боречка организација Карате комбат.

Првиот, приватен настан Карате комбат: Џенезис беше одржан во Будимпешта.

Следниот настан ќе се одржи на 26 април во Мајами, а потоа во Дубаи ќе се борат каратеките на Иран и САД.

Битките се одвиваат во три рунди по три минути, а офанзивната техника повеќе се бобдува од контраударите.

„Каратето се враќа! Околу 50 милиони Американци тренирале карате во еден момент во својот живот, а во целиот свет има уште повеќе поклоници, но досега немало професионална лига“, рече директорот на Карате комбат Мајкл ДеПиетро.

Лигата потпиша договори со над 100 борци од 30 земји, меѓу кои и азербејџанската ѕвезда Рафаел Агаев.

Агајев го победи Дионисиј Густаво во Будимпешта.

Каратето во Токио 2020 за прв пат ќе се појави на Олимписките игри.

ВКФ е чадор-организацијата на олимпиското карате, а веќе се појавија негативни реакции од страна кои ги застапува традиционалното карате и смета дека би требало и да остане традиционална боречка вештина.

https://youtu.be/5Psw5IILb80

 

https://youtu.be/peNafljsKMs

https://youtu.be/MqZJuAcVflk

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON