Игор Покрајац, покрај промоцијата го менува и неговиот тим. Долгогодишен УФЦ-овец во вторникот потпиша за ФФЦ, откако дозна дека Џо Силва повеќе не смета на него, во интервју за Фајтсајт, најави и промени во процесот подготовките, што подразбира и промена на неговиот тим, односно тренер.
Наместо да ги направи подготовките во Кор гим, Дјук ја избира Кроатиан комбат академијата предводена од Дражен Форгач – „Форги“.
Во една кратка изјава Форгач го коментира далеку најголемото засилување во својата сала.
„Ние сме многу задоволни што Игор Покрајац го избра ЦЦА за свој клуб. Тоа е еден од најдобрите хрватски воини во целост и тој ќе биде големо засилување за ЦЦА. Сигурни сме дека дополнително може да ја подобри подготвеноста во овој период и да ја подигне формата на повисоко ниво“, вели Форгач и додава:
„Со него ќе го направи нашиот стандарден тим; за ставот ќе биде задолжен Крешо Мерцеп, за борење Сабит Хандангиќ, се разбира и јас сум тука“.
Каде може дополнително да се подигне формата на Покрајац?
„Верувам дека Игор треба и мора да го прошири репертоар на удари од став и многу повеќе време да посвети на борењето. Во тој дел, сигурно, од помош ќе му биде Хандангиќ“.