Мајк Тајсон го прослави 55 -от роденден претходниот месец, но годините за него воопшто не се проблем. Поранешниот боксерски шампион ја покажа својата одлична форма во последното видео објавено на Инстаграм и потврди дека е подготвен за следните предизвици.
Железниот Мајк се врати во рингот минатиот ноември, по 15-годишна пауза, и ги одмери силите против Рој Џонс во егзибициски меч.
Пресметката беше организирана во осум рунди, а на крајот немаше победници. Дури и тогаш не потсети на неговата сила и експлозивност, а во новото видео изгледа уште пострашно и посмртоносно.
„Не ме предизвикувај да те повикам. Твојата екипа е перолесна, ќе левитираш од моите татнежи“, напиша Мајк Тајсон под видеото цитирајќи ја песната „Shook Ones Part II“ од хип-хоп дуото Моб Дип.
Неговата објава собра повеќе од 4,1 милиони прегледи и повеќе од милион „лајкови“ за само неколку дена. Погледнете го тренингот: