Погледнете одличен меч во кој Волкановски го одбрани шампионскиот појас против Ортега (ВИДЕО)

Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски наскоро ќе го брани шампионскиот појас во перо категорија против Кореецот Чан Сунг Јунг. Нивната борба на 9 април ќе го предводи настанот УФЦ 273.

Волкановски прво требаше да се бори со Макс Холовеј, но Американецот го откажа настапот поради повреда. Тоа ќе биде негова трета одбрана на титулата.

Во пресрет на мечот најголемата ММА организација објави видео од последната борба на Алекс во која тој со едногласна одлука на судиите го победи Брајан Ортега.

Тоа беше на настанот УФЦ 266 кој се одржа во Лас Вегас кон крајот на септември минатата година.

Австралиецот доминираше во борбата на нозе, а Ортега неколку пати се закани со зафати на партер, особено во третата и четвртата рунда.

Волкановски секој пат се извлекуваше и во негов стил ја контролираше борбата до крај.

Во продолжение погледнете го одличниот меч меѓу Волкановски и Ортега:

https://www.youtube.com/watch?v=bimKDKIK-x0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON