Фантастични борби беа видени минатиот викенд на УФЦ 256 предводен од борба за титулата во мува категорија меѓу Бразилецот Дејвсон Фигередо (20-1-1) и Мексиканецот Брендон Морено (18-5-2).
Во меч полн со акција, бразилскиот ММА борец го одбрани шампионскиот појас на УФЦ, нивниот дуел заврши нерешено.
Тоа беше една од најдобрите борби оваа година што го воодушеви Дане Вајт.
„На момчињата им треба одмор, но тие апсолутно заслужуваат реванш. Тоа е уште еден одличен меч следната година на кој се радуваме“, изјави првиот човек на УФЦ.
А одмор заслужија и борците од поднасловната борба, Бразилецот Чарлс Оливеира и Американецот Тони Фергусон.
Бразилскиот ММА борец победи по исцрпувачки три рунди со едногласна одлука.
Нивниот судир исто така пукаше со акција во која видовме многу одлични потези.
Оливеира беше одличен во борбите на пароер и покажа зошто е еден од најдобрите граплери.
Фергусон кон крајот на првата рунда беше близу до пораз, откако Бразилецот на левата рака му направи лост. Повеќето борци би го предале мечот во таа ситуација, но не и Ел Кукуј.
„Во таа позиција би тапкале десет од десет борци“, рече Дана Вајт.
Фергусон излезе од тоа, но во продолжението на борбата не можеше да стори ништо за да го сврти натпреварот. До Бронкс и понатаму беше енигма за Ел Кукуј и целосно доминираше во борбата на партер.
Најинтересните потези од борбата помеѓу Оливеира и Фергусон погледнете ги ТУКА.