Шампионот во полутешка и лесна категорија на УФЦ, Даниел Кормиер е во преговори со кечерската легенда Брок Леснар за голема борба меѓу нив.
Соборецотот на Д.К. – Хабиб Нурмагомедов, исто така доби златна можност да ќе ги натера сите ММА љубители да зборуваат речиси само и единствено за него, имено да се сретне со суперѕвездата Конор Мек Грегор.
Кормиер и Нурмагомедов се соборци во еден од најголемите и успешни ММА тимови на САД – Американ кик бокс академи со седиште во Сан Хозе, Калифорнија. Покрај тешките вежби низ кои минуваат, секогаш останува време да се фатат еден со друг и да прават забавни клипови за своите фанови.
Погледнете како двајцата спортисти се расправаат за тоа кој ќе учествува во најголемиот ММА меч во историјата на спортот.
.