Погледнете како Конор Мек Грегор ја исплаши младата ѕвезда на Арсенал по мечот во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор го „преплаши“ Букаја Сака, најблаго кажано, додека ги испроба своите техники за вежбање со нозете на ѕвездата на Арсенал.

Мек Грегор беше специјален гостин на стадионот Емирати за време на победата на Арсенал со 2-0 против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Сака беше еден од стрелците за „Топчиите“ во доминантниот триумф над францускиот шампион, откако Каи Хаверц ја „отвори“ мрежата на недораснатите парижани.

По мечот ѕвездата на УФЦ се упати кон теренот и извесно време се дружеше со Букаја Сака и Деклан Рајс. Иако играше на „мали голови“ со Рајс, Мек Грегор се одлучи за поинаков пристап со Сака. Наместо да ги покаже своите фудбалски способности, ирскиот борец на Сака бизарно испроба неколку ножни удари – веројатно го шокира медицинскиот персонал на Арсенал.

Англискиот репрезентативец, кому очигледно му беше малку непријатно од потезите на Мек Грегор во негова насока, имаше причина да се грижи бидејќи овој викенд Арсенал се соочува во премиерлигашки дуел против Саутемптон, а 23-годишниот фудбалер исто така ќе игра за Англија на претстојните натпревари во Лигата на нации против Финска и Грција.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слуша како Сака го предупредува Мек Грегор да „биди внимателен“ додека борецот на УФЦ упатува серија удари и се движи во негова насока. Иако сето тоа беше во добра забава и Мек Грегор немаше намера да го повреди крилниот напаѓач, нервозата беше очигледна кај Сака, кој подоцна на шега се пожали дека Мек Грегор за малку ќе ги „скинел вкрстените лигаменти“ при обид за борење.

„Озлогласениот“ подоцна се појави на социјалните мрежи за да сподели фотографии од неговото ноќно излегување на Емирати, и покрај тоа што е познат како огромен навивач на Манчестер Јунајтед. Тој објави слики со Сака и Рајс, како и поглед од ВИП-ложата каде ја гледал играта.

Што се однесува до боречките планови на Мек Грегор, тој сè уште не се вратил во октагонот откако претрпе тешка повреда на ногата во 2021 година. Требаше да се бори со Мајкл Чендлер претходно оваа година, но борбата беше одложена откако Мек Грегор се здоби со „повреда на прстот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON