Пред отприлика десетина дена се појави информација дека актуелниот шампион во перолесна категорија, Конор Мек Грегор, ќе биде дел од најновото продолжение на популарната игра „Call of Duty“. Благодарение на Твитер објавата на ирскиот борец, од сега можеме да видиме како точно ќе изгледа неговиот лик.
„Кога на најголемите и требаат најизопачените за завршување на работа, јас одговорам на повикот“, изјави Мек Грегор со слика на неговиот лик од „Call of Duty: Бесконечна војна” (продолжението).
Уште од порано е познато дека на ѕвездата на УФЦ друштво во играта ќе му направи актерот Кит Харингтон, најпознат по улогата на Џон Сноу во серијалот „Игра на троновите“.