Бразилскиот борец Алекс Переира по трет пат годинава го одбрани појасот на УФЦ во полутешка категорија.
Поатан го победи Американецот Халил Раунтри Јуниор со прекин во четвртата рунда во главната борба на УФЦ 307 настанот во Солт Лејк Сити.
Во првите две рунди Халил брилијантно се држеше, но во продолжение Переира го зголеми ритамот и го бомбардира противникот со низа удари.
Постојано нанесуваше штета со прецизни и моќни режии, како што покажува фотографијата од лицето на Халил по борбата.
https://twitter.com/Full_Violence/status/1842814277603709296
И додека Поатан го прослави својот девети триумф во десетиот настап за најголемата светска ММА организација, Раунтри поради повредите беше хоспитализиран во болница во Солт Лејк Сити.