Игор Вовчанчин еден од најдобрите ММА борци во историјата, а неговата серија од 40 победи и ден-денес е недостижна за професионалните борци. Она што е најинтересно е дека тој настапуваше во полутешка и тешка категорија, иако е висок само 172 сантиметри.
Кариерата, која ја одбележаа најмногу настапите во јапонските рингови, заврши во 2005 година, со само 32 години, но со 70 одработени борби. Притоа постигна 59 победи, десет порази и една поништена борба, а спомнатата победничка низа ја оствари 1995-2000 година.
Денес е далеку од ММА светот и ужива во заслужената пензија, но на интернет се појави фотографија на која може да се види како Игор изгледа денес. Во текот на својата кариерата беше голем, но сега изгледа уште поголем. Фотографијата беше објавена од страна на неговиот пријател, УФЦ борецот Алексеј Олејник.
https://youtu.be/jMbGyVEgHC8