Погледнете како Џозеф Паркер го прозва Александар Усик со одлично ново видео

Боксерот од Нов Зеланд Џозеф Паркер испрати урнебесен повик до шампионот во тешка категорија Александар Усик за меѓусебна пресметка, а како позадинска музика за спотот ја искористи песната на популарната американска музичарка Шанаја Твен.

Паркер минатиот месец требаше да се бори за светската титула со Даниел Дубоа, но шампионот на ИБФ во тешка категорија се повлече од борбата само два дена пред настанот.

Наместо британскиот борец кој го откажа настапот поради болест влезе Мартин Баколе. Паркер имаше релативно лесна работа, завршувајќи го со технички нокаут во втората рунда неподготвениот Конгоанец.

Недолго по тој настан се појавија вести дека шампионот на ВБО, ВБА и ВБЦ, Усик, може да се бори со Дубоа за обединување на појасите во тешка категорија.

Но, неодамна стигна наредба од ВБО Украинецот да го брани појасот на нивната организација против Паркер.

А Новозеландецот е познат по своите хумористични видеа во кои им испраќа порака на потенцијалните противници, а тоа го направи овој пат користејќи го хитот на Шанаја Твен – ‘You’re Still the One’ (Ти си се уште тој).

Џозеф и членовите на тимот се на познатата плажа Карекаре, во близина на неговиот роден Окленд, и со песна и оро му испраќаат порака на Усик да ја прифати борбата со него.

Возбудливиот Паркер моментално е во импресивна победничка серија, победувајќи ги Дионтеј Вајлдер, Жилеј Жанг и Мартин Баколе во изминатите 18 месеци.

https://twitter.com/joeboxerparker/status/1902250275701977425

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON