Погледнете како Џон Џонс се промени физички по три години пауза

Џон Џонс се враќа во октагонот по тригодишна пауза. Еден од најдобрите ММА борци во историјата ќе го има своето деби во тешка категорија овој викенд на УФЦ 285 во Лас Вегас.

Противник на Американецот во мечот за шампионската титула ќе биде францускиот тешкаш Сирил Гане.

Боунс е поранешен шампион во полутешка категорија и освојувањето на титулата во кралската дивизија само би ја зацврстило репутацијата што ја ужива.

Во пресрет на саботниот спектакл со боречки вештини во Т-Мобиле арената, на социјалните мрежи се проширија фотографиите на Џонс, кои беа споредувани со оние кога тој владееше во полутешка категорија.

„Искрено, се чувствувам посилно. Немам издлабено тело како порано без истакнати стомачни мускули (‘six pack’). Ми требаше време да се навикнам“, изјави Џон Џонс и додаде:

„Порано внимавав на физичкиот изглед, но сега станав тешкаш. Повеќе не е како изгледам, туку како настапувам. Добар сум на тренинзи и се чувствувам одлично. Јадам што сакам, добро сум и уживам во животот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON