Сите оние кои ноќта во сабота спрема недела ја помина со УФЦ 202, имаа можност за време на преносот да бидат сведоци на официјалната видео најава за судирот во тешка категорија меѓу Стипе Миочиќ и Алистер Оверем.
За актуелниот шампион ова ќе биде првата одбрана на титулата до која стигна на УФЦ 198 нокутирајќи го Фабрицио Вердум пред 45.000 негови бразилски фанови, но за „Рем“ е прилика дополнително да го зацементира неговото место во историјата како борец кој би можел неговата импресивна колекција на појаси (Страјкфорс, Дрим, К-1) да го додаде оној што денес е најмногу ценет во светот на слободните борби.
За нивниот дуел ќе имаме можност да сведочиме на 10 септември во УФЦ 203. Истата вечер, на сцената ќе дојде и Бразилецот Вердум на средба со Тревис Браун, а ќе го видиме и долгоочекуваното ММА деби на ВВЕ ѕвездата Фил Брукс, попознат по прекарот „CM панк“.
https://youtu.be/8-JIfpbhblo