Владимир Егоров вчера го освои златниот медал на Европското првенство во борење слободен стил откако во големото финале во Будимпешта го совлада Азарбејџанецот Алијабабас Рзазаде 8-6 (2-0 прва рунда, 6-6 втора, Егоров поведе со 8-0).
Ова е голем успех за македонското борење, при што Егоров го освои вториот медал на европските првенства, првиот е бронзен од ЕП во 2019 година.
Погледнете ја шампионската борба на Егоров.
Резултати – Европското првенство 2022:
57 кг
Владимир Егоров – Никлас Штехеле (Германија) 5-4 ¼ финале
Владимир Егоров – Манвел Хнџрстјан (Ерменија) 10-0
Финале
Владимир Егоров – Алијабабас Рзазаде (Азербејџан) 8-6