Бесир Алили (48 кг) вчера стана европски шампион во борење слободен стил за кадети. Тој во финалето на Европското првенство во Фиренца, Италија, за златниот медал славеше 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија.
Aлили мудро ја водеше борбата, но на крајот загрози поради одбранебениот стил, зато што опомена и казнен поен на 15 секунди пред крајот, па противникот намали на 7-6. Но Бесир мудро ја приведе бробата до крај и по долги години донесе златен медал на Макеоднија од некое големо натпреварување, како домашен борач. Инаку на почетокот Бесир се најде во незавидна положба, бидејќи противникот поведе со 5-0, но нашиот борач покажа зошто е шампион и направи комплетен пресврт.
Така, Алили го оствари она што Бобан Данов и Дејан Данов пред повеќе години не го направија – го освои златниот медал.
На патот до финалето талентираниот Алили ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.
Погледнете ја шампионската борба на Бесир Алили.
Резултати
48
кг
Бесир
Алили – Оскар Кулчицки (Полска) 10-0 (ТТ)
Бесир
Алили – Андреј Витан (Молдавија) 12-10
Бесир
Алили – Лука Гугешашвили (Грузија) 6-2
Финале
Бесир
Алили – Хартујун Ховханнсијан (Молдавија) 7-6
65 кг
Арсим Бекири – Александар Хулник (Белорусија) 3-10