Александар Волкановски го победи Брајан Ортега на УФЦ 266 одржан минатиот викенд во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите и по втор пат го одбрани шампионскиот појас во перо категорија.
Австралиско-македонскиот ММА борец го совлада Американецот во фантастична борба и стигна до 23 -та победа во кариерата.
Но, во третата рунда Волкановски двапати се најде во неволја.
Имено, Ортега сериозно се закани дека ќе се задуши, но Александар вешто се извлече двата пати.
А како неговиот тимски колега и шампион во УФЦ во средна категорија Израел Адесања ги помина тие моменти, погледнете во видеото: