Погледнете ја последната прес-конференција пред УФЦ 308! Ракиќ со поглед го застрела Анкалаев (ВИДЕО)

УФЦ 308, на чело со борбата меѓу Илија Топурија и Макс Холовеј, ни доаѓа оваа сабота, 26 октомври 2024 година во Етихад Арената во Абу Даби. Денеска се одржа последната прес-конференција во пресрет на овој настан полн со фантастични натпревари.

Илија Топурија, познат по својот агресивен стил на борба, не се воздржуваше во изјавите кон критичарите и борците кои му предвидуваат победа на поранешниот шампион во перо категорија, Макс Холовеј. Во интервју за Uncrowned, Топурија ја изрази својата фрустрација поради тоа што борците на УФЦ застанаа на страната на Холовеј, нарекувајќи ги „змии во тревата“. Тој изјави дека ќе го нокаутира Холовеј и ги предупреди сите што го предвидуваат неговиот пораз да не му се приближуваат подоцна. Од друга страна, Холовеј, познат по својата издржливост и технички удари, сака да ги премолчи сомнежите за тоа дали може сè уште да биде на врвот на дивизијата.

Во коглавниот меч, Роберт Витакер и Хамзат Чимаев, двајца врвни борци во средна категорија, ќе се соочат во она што ветува дека ќе биде огномет. Навивачите нетрпеливо го чекаат Чимаев, со перфектно професионално досие и доминантен борбен стил, да се справи со предизвикот што го претстави експлозивниот и прецизен удирач и поранешен шампион Витакер.

Борбата која ќе ја следиме со посебно внимание е онаа во полутешка категорија – борбата меѓу Магомед Анкалаев и Александар Ракиќ. Ракиќ на вчерашната прес-конференција изјави:

„Очекувам тешка борба. Магомед е „заокружен“ (добар во сите сегменти од борбата) како мене. Ние двајцата сме двајца „најзаокружени“ борци во дивизијата, ќе биде забавна борба. Ги подобрив моите вештини од последната борба, и во борење и во граплинг и во стој. Како што тој (Анкалаев) рече дека јас сум на пат, така и тој е на мојот пат. Сакам да се насочам кон титулата, па затоа сум подготвен за сабота, ќе ги „измешам картите“ (во полутешка категорија) и по победата ќе разговарам со Дана (Вајт)“.

Целата медиумска конференција погледнете ја во видеото подолу. Соочувањето започнува во 44:25 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО