Викендов во Антверпен се одржа настанот Глори 94 кој изобилуваше со интересни и атрактивни борби со возбудливи завршници.
Еден од нив беше во полутешка категорија кога Мори Кромах го нокаутира Мохамед Амин со летечко колено во последните моменти од втората рунда.
Веќе во својата прва борба за Глори, Кромах ја покажа својата сила и вештини против искусен кикбоксер и ММА борец.
25-годишниот Гвинеец пристигна во Глори по 11 последователни победи во организацијата Енфјужн фајт.
Големиот борец постојано го притискаше Амин, удирајќи го по телото и нозете, а потоа го искористи моментот да го заврши мечот.
Холандско-мароканскиот борец не успеа да го запре летечкото колено на Мори и се најде на земја.
Судијата броеше до десет, но Мохамед беше сериозно потресен и остана да седи во рингот.
Во видеото погледнете го фантастичниот нокаут:
LIGHT HEAVYWEIGHTS ARE ON NOTICE 😤
Mory Kromah with a VICIOUS KO at #GLORY94 @Videoland pic.twitter.com/eAJLSfEXgb
— GLORY Kickboxing (@GLORY_WS) August 31, 2024
MORY KROMAH DID THAT! 🎭 _ #GLORY94 @Videoland pic.twitter.com/Q0lP1oEZya
— GLORY Kickboxing (@GLORY_WS) August 31, 2024