Најдобриот хрватски кик-боксер и еден од најдобрите во светот Антонио Плазибат во сабота на настанот Глори: Колишн 5 се бори против Тарик Осар за појасот на привремен шампион во тешка категорија.
Двајцата се соборци од Мајкс џим и ќе го предводат кик-бокс спектаклот во Ротердам.
Победникот од мечот ќе добие шанса да се бори со Рико Верховен, кој се опоравува од повредата на коленото, за титулата на Глори во тешка категорија.
На програмата на големиот настан во сабота ќе бидат борбите за титулата во полутешка, полусредна и средна категорија.
Донеги Абена го брани појасот во полутешка категорија (-95 кг) против Тарик Хбабез, додека шампионот во полутешка категорија Енди Семелеер ќе се соочи со Џеј Овермер.
А титулата во средна категорија ја брани Донован Висе во меч против Серкан Озчаглајан.
Настанот ќе го отвори борба во лесна категорија во која Хрватот Андреј Кедвеш ќе се бори со британско-латвискиот борец Марек Пелцис во дебитантскиот настап за Глори.