Според листата што ја објави веб-страницата Спортико во средата, шест боксери се меѓу 100-те најплатени спортисти во светот, но за жал ниту еден ММА борец не се најде на листата.
Оваа листа ги вклучува заработките на спортистите преку плати, бонуси, спонзорски договори и маркетинг соработки. На прво место е фудбалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо, кој заработи 260 милиони долари, од кои 215 милиони се од платата во саудискиот клуб Ал Наср.
Иако боксерите заземаа значајни позиции на листата, ММА борците не влегоа во Топ 100. Во минатото, ѕвездата на УФЦ Конор Мек Грегор беше редовен гостин на таквите листи. Имено, Мек Грегор беше на првото место во 2021 година со приход од 180 милиони долари, благодарение на борбените такси, спонзорствата и продажбата на мнозинскиот пакет акции во неговата компанија, односно вискито Пропер бр. 12.
Најплатен боксер за 2024 година е Тајсон Фјури, кој го зазеде третото место на вкупната листа со 147 милиони долари. Неговиот ривал Александар Усик, кој двапати го победи оваа година, е на седмото место со 122 милиони долари.
На списокот се и:
Канело Алварез (20 место – 73 милиони долари)
Ентони Џошуа (30-то место – 60 милиони долари)
Наоја Инуе (81 место – 42 милиони долари)
Интересно е тоа што Џејк Пол, поранешна Јутјуб ѕвезда, кој се префрли во професионалниот бокс, се најде на 52-то место со приход од 48 милиони долари. Од нив 38 милиони заработил преку борби и 10 милиони од спонзорски договори.
Пол имаше многу успешна 2024 година, вклучувајќи ја и неговата борба против Мајк Тајсон на Нетфликс, која привлече повеќе од 100 милиони гледачи.
Иако ММА во моментов не е застапена на листата на најплатени спортисти, останува да се види дали некој иден шампион на УФЦ ќе успее повторно да ги пробие границите и да влезе во елитата.
Кога се споредуваат боксот и ММА, важно е да се спомене дека односот на популарноста на спортот со платите на борците е далеку подобар во боксот. Да се надеваме дека наскоро работите ќе се сменат на подобро со договорите на ММА борците, а една вест која ни кажува дека работите се движат во попозитивна насока е тужбата која го принуди УФЦ да плати огромна сума на своите поранешни борци.