Поранешниот светски шампион, 58-годишниот Мајк Тајсон се враќа во рингот на 15 ноември во меч против познатиот јутјубер Џејк Пол.
Легендарниот боксер имаше егзибициски меч против Рој Џонс Јуниор во 2020 година, а неговата последна професионална борба беше во јуни 2005 година, кога загуби од Кевин Мекбрајд со прекин по петтата рунда.
И поранешната ѕвезда на Дизни неодамна имаше прилично лесна задача во својата 11-та професионална борба.
На боксерски настан во Тампа Џејк Пол го победи поранешниот борец на УФЦ Мајк Пери со прекин во шестата рунда и на тој начин стигна до својата десетта победа во кариерата.
Многу фанови и боксерски експерти се загрижени за здравјето на Мајк, кој е триесет години постар од Џејк.
И поранешниот спаринг партнер на Пол, Ентони Тејлор се плаши дека мечот може лошо да заврши и вели дека „Тајсон е јагне за колење“.
Навивачите на Тајсон дополнително ги загрижи најновата снимка од тренингот, која фрла сомнеж во подготвеноста на големиот нокаутер пред мечот со Џејк Пол.
— Football Collection (@FootballColt188) August 6, 2024