„Ленокс Луис: Нераскажана приказна“ е насловот на документарниот филм, кој ќе биде промовиран на 15 октомври.
Документарецот го следи животот и кариерата на еден од најуспешните светски шампиони во историјата на тешката категорија. Филмот е дело на продуцентот Чад Верди (Ирец) и режисерите Рик Лазес и Сет Кох.
Премиерата на филмот беше закажана за фестивалот на пролетта во Њујорк, но пандемијата на коронавирусот го одложи настанот.
Наратор на приказната е хип-хоп легендата и добар пријател на Луис – Андре Јанг, попознат како Др. Дре.
Филмот ќе ја види светлината на денот на интернет-платформата „Crackle“, која, сепак, не е достапна во Македонија. Главните улоги ги толкуваат Мајк Тајсон, Ивандер Холифилд и Џорџ Форман.