Босанскохерцеговачкиот борец Ерко Јун настапи во организацијата Прајм шоу ММА во Кошалин, каде со нокаут во првата рунда го победи Полјакот Павел Трибала.
И се заврши за околу 20 секунди. Имено, Трибала се нафрли на Јун кој вешто избегна и возврати со брилијантна десно кроше.
Ерко силно го удри Полјакот кој заврши на подот и веднаш се виде дека не може да го продолжи натпреварот.
За 33-годишниот борец од УФЦ џим тоа беше седма победа во деветиот професионален настап и седма со нокаут.
Во видеото погледнете го фантастичниот нокаут на Јун:
Erko Jun pic.twitter.com/iLUENvO0wW
— Neo Vale Tudo (@NeoValeTudo) January 13, 2024