Чаз Скели постави нов рекорд за најбрз сабмишн синоќа за време на спектаклот УФЦ фајт најт. Тој успеа да го задуши Максимо Бланко за точно 19 секунди и со тоа запише своето име во историјата на организацијата.
Скели го нападна противник уште на почетокот на борбата и успеа да зададе удар во тилот на Бланко, кој не успеа да се задржи на нозе. Чаз веднаш го зграби противникот, баркајќи брза победа. По краток „скрамбл“ на подот успеа да го искористи познавањето на бразилското џиу џицу и ги позиционира рацете доволно добро за да направи клуч „анаконда“.
Максимо Бланко не најде излез од ситуацијата и наместо да се предаде, ја изгуби свеста, а судијата Херб Дин мораше да интервенира за да се избегнат потешки последици по спортистот.
Погледнете го целиот меч.
https://youtu.be/IE4ncjjfrV0
https://youtu.be/jAzRLTGzUUc