Изминатиов викенд Бобан Данов настапи на Светското првенство – Казак кураси во апсолутна категороија во Астана, Казахстан, каде што наградата за првото место беше 100.000 евра.
Данов извојува две победи во дебитантскиот настап во овој спорт кој е сличен на самбото. Тој го победи претсетавникот на Израел со ефектен туш, славеше и над ривалот од Индија, но со казнен поен загуби од Полјак, чиј базичен спорт е џудото.
На ова Светско првенство учествуваа 40 земји во една извонредна боречка сала, можеби единстевна по многу нешта во светот.
Ова беше генерална прба на Данов пред Светското првенство во самбо од 9 до 12 ноември во Сочи, Русија.
Може да ги погледнете видеата од борбите на Бобан Данов против Полјакот и Индиецот.
Ipon.mk/В.Д.