Поранешната шампионка на УФЦ во бантам категорија, пензионираната Миша Тејт, би требало да породи за само четири дена, според однапред определениот термин, но без оглед на тоа, таа не престанува да тренира.
На видеото кое е објавено во средата, а кое предизвика големо внимание во јавноста поради неговата содржина, Капкејк ги удирао фокусерите. И тоа го прави со приличен интензитет, ако го земеме предвид фактот дека треба да се породи за неколку дена.
Очекувано, дел од навивачите ја поддржуваат во она што го прави, други се скептични бидејќи сметаат дека тоа го загрозува здравјето на нероденото дете.
Ова е прва бременост за Тејт која ја очекува нејзината ќерка со ММА борецот Џони Нунез.
https://www.instagram.com/p/Bi0g2LVH3I-/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BiVHKuUndVv/?utm_source=ig_embed
.