Почнаа преговорите за трилогија меѓу Тејлор и Серано

Се чини дека моментално сме на прагот на нов историски момент за женскиот бокс, а тоа е епохалната трилогија меѓу Кети Тејлор (24-1) и Аманда Серано (47-3-1). Еди Херн лично им призна на новинарите во Саудиска Арабија дека се работи на трет меч меѓу двете најголеми ѕвезди во спортот.

Сепак, чудно е што првите два меча ги доби Ирката и тоа во две различни тежински категории. Се чини дека критиките за судиите стигнаа до луѓето кои ги носат овие одлуки, бидејќи очигледно меѓу нив има и такви кои не се убедени во супериорноста на Тејлор.

Во ноември во Тексас беше предизвикан огромен скандал со едногласна одлука од 95-94 во корист на неприкосновената шампионка во суперлесна категорија и покрај тоа што Џон Шорли официјално и одзеде поен за намерен удар со глава, а статистиката ја покажа супериорноста на Порториканката во речиси секој елемент од борбата.

Сè уште е рано за пробен датум за третата борба, но Херн откри дека се размислува за Крок Парк во Ирска и Лас Вегас во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО