Денес во Охрид почна 5.Карате-до летен камп во организација на Јапонската карате асоцијација – ЈКА Македонија и Академијата за боречки вештини – Бушидо доџо.
Кампот ќе трае до 26 јуни, а се одржува во хотелот Престол.
Покрај тренинзите во сала, ќе се тренира и покрај езерото, а ќе има и зен медитација.
Инструктори се сенсеи Владимир Јовановски, главен инструктор на ЈКА Македонија, сенсеи Зоран Пејов и сенсеи Ѓоко Томоски.