Почина Зоран Ѓоргевски долгогодишен член на Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија

Почина Зоран Ѓоргевски кој повеќе од 15 години беше член на Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија.

„Со длабоко жалење ве известуваме дека почина Зоран Ѓоргески, истакнат спортски работник и пријател на каратето, кој повеќе од 15 години беше член на Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија, како и вршител на повеќе значајни функции.

Карате федерацијата на Македонија загуби признат спортски работник, кој како голем професионалец во својата струка, даде значаен придонес во развојот и популаризацијата на карате спортот.

Роден е во Крушево, на 3-ти јуни 1953 година.

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, во својата работна кариера најпрво бил главен просветен инспектор, а потоа и виш самостоен советник во Министерството за образование и физичка култора на РМ. Својата кариера до пензионирањето ја продолжува на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје каде ја извршува функцијата генерален секретар. Зоран Ѓоргески еден од основоположниците на Друштвото на гимнастичарски спортови – „Партизан“.

Член на Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија станува во 2006 година а подоцна станува и генерален секретар на Федерацијата. Ѓорѓески дава огромен придонес во создавањето на повеќе нормативно-правни акти кои активно се применуваат до денешен ден, како и истите го уредуваат начинот на делување на поголемиот дел на телата и комисиите на Федерацијата“, пишува во објавата на Карате федерацијата на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON