Некогашниот професионален светски шампион во бокс во полутешка категорија на ВБЦ (Светскиот боксерски совет) и на ВБА (Светската боксерска асоцијација), Боб Фостер, почина на 78-годишна возраст во Албакерки (САД). Веста ја потврдија негови блиски пријатели за американските медиуми.
Во својата кариера Фостер има 65 настапи во рингот, а во 56 од нив бил победник (46 со нокаут), има 8 порази и една нерешена средба. Во 1970 година Фостер се бореше со Џо Фрејзер, а во 1972 година и со легендарниот Мохамед Али, и во двете средби загуби со нокаут.