Почина тренерот и вујкото на Флојд – Роџер Мејведер!

Поранешниот светски шампион во боксот, Роџер Мејведер, но и чичко и тренер на славниот Флојд Мејведер, почина на 58-годишна возраст. Веста прв ја обајви ТМЗ спорт, а потоа беше потврдена и од таборот на боксерската суперaѕвезда.

Токму Роџер Мејведер го тренираше Флојд на врвот на неговата кариерата. Но, во последниве години неговото здравје не беше добро, па на функцијата главен тренер се врати таткото на Флојд – Флојд Мејведер Сениор.

Засега не е позната точната причина за смртта. Но, Флојд во минатото постојано го потенцираше лошото здравје на неговиот чичко. Веруваше дека Роџер претрпел премногу штета во текот на неговата боксерска кариера и никогаш не закрепнал.

„Мојот чичко Роџер изгуби многу сеќавања од својата боксерска кариера. А само е во 50-тите години, но се чини како да е стар човек кој има 80 години”, рече Мејведер во една прилика.

Американските медиуми најавуваат повеќе детали за смртта на Роџер Мејведер кога тие ќе бидат достапни. Засега не е познато каде и кога ќе биде погребан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON