Почина Милан Кубин – еден од најдобрите македонски кикбоксери

Почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кик боксери. Кубин беше македонски репрезентативец во кик бокс и член на од Кик бокс клубот Гладијатор од Скопје.

Кубин е освојувач на повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓу кои и сребрениот медал на Европското првенство во Лутраки, Грција пред осум години.

Милан Кубин беше прогласен за најдобар спортист на Град Скопје во 2016 година. Причините за смртта на кик-боксерот Кубин засега не се познати.

Кубин извесно време се подготвуваше во Холандија за професионални мечеви.

Погребот е закажан за среда во Скопје на гробиштата Бутел, телото ќе биде изложено во капелата во 10 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО