Почина легендарниот холандски џудист Вим Руска, на возраст од 74 години.
Руска беше единствениот џудист кој освои два златни медали на исти Олимписките игри. Двократниот светски шампион на Игрите во Минхен во 1972 година го освои првото злато во тешка категорија , а потоа го зеде златниот медал и во апсолутна категорија.
По успесите во Минхен , Руска ја заврши својата кариера и краток временски период беше тренер. Подоцна, како тренер на клубот, постигна успех. Во 2001 година „Тарзан на татами“ се здоби со крвавење во мозокот, што влијае на неговиот говор, апо ова стана делумно парализиран .
„Светот на џудо изгуби една од своите најголеми икони“, рече претседателот на холандската Џудо Федерација, Јан Вилем Стегман.
Руска, кој беше седум пати европски шампион, во 2013 година беше примен во Куќата на славните на Меѓународната џудо федерација во Рио де Жанеиро.