Вчера почина легендарниот македонски боксерски судија, Мирослав – Мирко Леов, кој беше и претседател на Боксерската судиска организација на Македонија.
Мирко Леов беше еден од врвните АИБА судии во поранешна Југославија кој судел на многу големи меѓународни приредби.
Тој беше меѓународен боксерски судија со меѓународно звање ЕУБЦ и АИБА.
Своето меѓународно звање боксерски судија АИБА го стекнува во далечната 1981 година.
Тој е учесник на:
– Балканско првенство 1982 година во Бурса – Турција;
– Медитерански игри 1983;
– Светски Куп 1987
– Двомечот САД – Југославија 1984 година во Триполи, Лусијана – САД;
– Многу години ја делеше правдата во рингот на „Златниот гонг“;
– Долгогодишен претседател на Судиската организација при Боксерската федерација на Македонија.
Тој беше значаен фактор на југословенскиот бокс и боксерските судии, а долги години важеше за еден од најдобрите судии во Првата боксерска лига на Југославија. Леов даде значаен придонес за развојот на македонскиот бокс и Боксерската федерација на Македонија.
Погребот на Мирко Леов е утре во 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.
Ipon.mk