Почина кикбоксер од коронавирусот, бил антиваксер

Белгискиот кикбоксер Фредерик Синистра почина како последица на коронавирусот во 42-та година од животот.

Синистра не бил вакцинира, коронавирусот го сметал за мал вирус и се борел против владините мерки, открил неговиот тренер Осман Јигин за белгискиот лист „ЗудИнфо“.

Јигин беше тој што го натерал Синистра да оди во болница кога се заразил со коронавирусот кон крајот на ноември. Кикбоксерот од болница објавил неколку фотоградии и видеа на кои лежи во болнички кревет и тешко дише.

Подоцна на лична одговорност ја напуштил болницата, одлучил сам да се лечи и неколку дена потоа починал во својот дом.

– Ќе се вратам илјада пати појак, напишал во својата последна објава на 13 Декември, а три дена подоцна починал.

Зад себе остаил сопруга и двете деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON