Почина Ентони Џонсон на 39-годишна возраст

Поранешниот борец и предизвикувач на УФЦ, Ентони Рамблe Џонсон, почина по тешко боледување на 39-годишна возраст. Ентони се бореше во Беллатор минатата година.

Многу борци и љубители на ММА се збогуваат со Рамбле на социјалните мрежи, вклучувајќи го и Даниел Кормиер, од кого двапати загуби во борбите за титулата во полутешка категорија на УФЦ.

Џонсон беше еден од најдобрите нокаутери во историјата на ММА.

Американскиот борец подолго време се бореше со болест, чии детали не се соопштуваат.

Минатиот септември тој требаше да се бори за шампионската титула во Беллатор, но се повлече поради здравствени проблеми.

Се бореше со прекини во УФЦ од 2007 до 2017 година, а потоа паузираше четири години.

Тој ја имаше последната и единствена борба во Белатор минатиот мај кога го победи Хозе Аугусто Барос со нокаут во втората рунда.

Во текот на кариерата, Рембле имаше 23 победи и шест порази.

Ќе го паметиме по победите против Андреј Арловски, Фил Дејвис, Рајан Бадер, Гловер Тешеира, Александар Густафсон…

Неговиот менаџер Али Абделазиз откри како повеќето се чувствуваат во моментов, а слични пораки ги преплавија социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON