Екс-светскиот првак првиот што совлада легенда која имаше 90 победи и ниту еден пораз.
Некогашниот трикратен боксерски шампион во велтер категорија, Френки Рендал, почина на 60-годишна возраст. Рендал е човекот кој прв ја прекина неверојатната серија на Мексиканецот Хулио Цезар Чавес од 90 победи и едно нерешено на 91 борби.
Рендал почина после долга борба со деменција и Паркинсонова болест. Тој во 1994 година ја освои титулата во ВБЦ верзијата, по победа со судиска одлука против дотогаш непоразениот Чавес. Подоцна тие двајца се бореа уште двапати, последен пат во 2004 кога победи Чавес. Рендал се пензионираше во 2005 година со скор од 58 победи и 18 порази.