Јужноафриканскиот боксер Симисо Бутелези почина само неколку дена откако во јавноста се појави видео од ужасните последици кои ги доживеал во текот на борбата против Сифесиле Мнтунгва за титулата на африкански првак во лесна категорија.
Минатиот викенд споменатите двајца боксери се бореа за „WBF“ титулата во африканскиот шампионат во лесна категорија, а во еден момент Бутелези во целост го изгубил разумот по што судијата означил крај на борбата.
Тренерот на Бутелези во вторникот потврди дека тој се наоѓа во кома, а „Boxing South Africa“ денеска соопшти дека овој боксер за жал починал.
South African boxer Simiso Buthelezi — who became disoriented during a fight over the weekend and began punching thin air — has died at 24 years old. https://t.co/5lwPpQjM14
— TMZ (@TMZ) June 8, 2022
„Со голема тага за „Boxing South Africa“ и семејството Бутелези објавуваме дека Симисо Бутелези почина во болница во Дурбан“, пишува во официјалното соопштение.
Тамошните медиуми откриваат дека боксерот се здобил со потрес на мозокот кој резултирал со внатрешно крварење, а иако му била овозможена најдобрата нега, тој им подлегнал на повредите.
„Нашите истражни органи ќе спроведат независна докторска проверка на повредите, а потоа ќе објават официјални резултати од прегледот“, се додава во соопштението.
Што се однесува до самата борба, Мнтунгва е прогласен за победник.