Младиот боксер Лео Маунтајн (18) трагично го загуби животот во раните утрински часови во неделата кога го удри товарен камион во Моркамб.
Брзата помош пристигна на местото на настанот, но за младиот боксер немаше спас.
Инаку, на Лео му се предвидуваше голема кариера, многу постигна на свои 18 години, а во септември 2024 година стана регионален шампион.
Во објава на Фејсбук, неговиот клуб напиша дека Лео имал „шампионско срце во рингот и надвор од него“.