Taжна вест се пренесе вчера попладне во медиумите од Босна и Херцеговина. На само 17-годишна возраст починала кикбоксерката на тимот Спартак Бреза и репрезентативка на оваа земја, Зана Албиновиќ.
Трагичната вест ја потврдија од Кик бокс сојузот на БиХ.
„Зана беше преспективна спортистка која за кратко време успеа да постигне одлични резултати. Таа е дражвна шампионка и освојувачка на многу медали од меѓународни натпреварувања“, соопштија од сојузот.
Се огласи и нејзиниот клуб, Спартак Бреза.
„Долгогодишната натпреварувачка на нашиот клуб се пресели на некој подобар свет. Голема болка остави кај сите нас и никогаш нема да те заборавиме“, стои во објавата.